Дебата како до квалитетна соработка на странските и домашните компании

Конференцијата се организра во рамки на проектот финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со Универзитетот за техника од Виена - Институт за менаџмент во науката, а е поддржан и од Владата на Република Македонија.

79

Како да се зголеми конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија преку подобрување на нивната соработка со странските инвеститори, кои се можностите и предизвиците, ќе се дебатира на конференција на која ќе учествуваат претставници на Советот на странски инвеститори Стопанската комора и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

Од Стопанската комора која е организатор на конференцијата велат дека идејата е да се лоцираат можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, со цел да се зацврстат меѓусебните врски.

Во рамки на дебатата ќе се презентираат и успешни приказни на компании кои веќе воспоставиле соработка.

Учесниците на конференцијата ќе имаат можност да добијат повеќе информации и за политиките и мерките на финансиските институции и странските донаторски организации за поддршка на локалните мали и средни компании и за зацврстување на нивните капацитети со цел да станат локални добавувачи.

Конференцијата се организра во рамки на проектот финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со Универзитетот за техника од Виена – Институт за менаџмент во науката, а е поддржан и од Владата на Република Македонија.

Проектот ќе трае 24 месеци, а неговата цел е преку подобрување на работењето и конкурентноста на одредени локални компании да се подгне капацитетот за подобра соработка со странските инвеститори во земјата, за да можат да бидат вклучени во синџирот на добавувачи.

На конференцијата на која ќе присуствуваат претставници на странските инвеститори и на македонските компании кои имаат потенцијал да станат нивни локални добавувачи, ќе бидат презентирани и резултати од спорведена анкета за унапредување на конкурентноста на домашните компании, а ќе говори и заменик претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.

Конференцијата ќе се одржи во петок во Холидеј ин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...