Нови смешки од Зоран Заев

Абе го следи ли некој што збори човеков?

8283

Заев ни кажува дека Верушот бил разочаран од СЈО па конвергирал на такви зборови и употреба.

Да бе, конвергирал на ВМРО од разочараност. А разочараноста веројатно конвергирала со стравот дали ќе продолжи неказнивоста на сите криминали.

Абе го следи ли некој што збори човеков?

И што има премиер да кажува какво ќе биде нечие сведочење? Што има да се слуша со адвокати на обвинети, ма што има да го контролира судствово? Ама ајде, тоа е изгубена прича веќе…

Сега џабе си ги додавате бомбите ко во цртан филм, евентуално бомбата ќе мора да експлодира во рацете на еден од вас, ама толку ви се врзани судбините, што сеедно е кај кого ќе пукне.

***

Уште една смешка со Зоки за среќен почеток на неделата и доста е.

По средбата со Трамп вели: врвен лидер и креатор на глобални договори.

Инаку врвниот лидер, откако беше фатен дека уценува странски државник, вистинскиот украински претседател, со цел да оцрни веројатен претседателски противкандидат, и откако си заработи импичмент, се закани дека е можна граѓанска војна во Америка ако импичментот помине.

Инаку, креаторот на глобални договори се откажа од Климатскиот договор и од договорот со Иран, разгорувајќи го повторно Блискиот Исток, унилатерално го определи Ерусалим како главен град на Израел и ја дозволи унилатералната анексија на Голанските висорамнини.

Ама јебеш га, Зоки, кога ружини и воени злосторници ти се советници, ќе си тропаш глупости.

Види го Бујар од Берлин – Данке Дојчланд и пријатно, не ја фалеше Ангела.

Време е да сфатиш дека можноста за Преспанскиот ти е подарок од Стејт Департментот, не од Трамп. Ама ти сакаш да се лигавиш и да тропаш глупости.

(ФБ статуси на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...