Цената на бензините и дизелот поевтинуваат за еден денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според новиот ценовник, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 68,50 денари за литар, на „еуросупер БС-98“, 71 денар за литар, а на дизелот изнесува 63 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ ќе изнесува 52,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,876 денари за килограм во однос на цената и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 33,158 денари за килограм.