Џавид: Велика Британија излегува од ЕУ на 31 октомври со или без договор

103

Велика Британија може да ја напушти Европската унија на 31 октомври без договор, и покрај законот кој од премиерот бара да побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор, изјави денеска британскиот министер за финансии Саџид Џавид.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е можен Брегзит без договор, тој рече дека е.

– Тоа не е наша преферирана опција. Работиме вредно на постигнување договор до 31 октомври. Меѓутоа, доколку не успееме мислам дека е важно во секој случај да излеземе, па дури и без договор. Не е совршено, но соодветно е да си заминеме на 31 – изјави Џавид за Ај-Ти-Ви

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...