Јавното претпријатие за државни патишта денеска во период од 12 до 16 часот ќе врши мерење на носивоста на коловозот на патниот правец А3, делница Битола -Меџитлија, поради што се апелира за трпеливост и внимателност од страна на возачите.
„Постапката се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница“, соопшти Авто-мото сојузот.