Сирија гори, сопругата на Асад се фали со луксуз на Инстаграм

Фотографии од палати, скапа гардероба и излегувања се само дел од профилот на Асма, па така тој остава впечаток како ништо необично да не се случува во државата.

3718

Додека бомби паѓаат на сите страни низ Сирија, профилот на првата дама на земјата, Асма ал-Асад, блеска од луксуз и раскош.

Фотографии од палати, скапа гардероба и излегувања се само дел од профилот на Асма, па така тој остава впечаток како ништо необично да не се случува во државата, во која последниве седум години владее граѓанска војна.

Брачниот пар и нивните три, бележат светските медиуми, и понатаму живеат раскошно и како и пред почетокот на војната, доколку се суди по профилот на Инстаграм.

Сопругата на Башар Ал-Асад, која ја нарекуваат „прва дама на пеколот“, е родена во Британија. На Инстаграм таа има 230.000 следачи. Кога се омажи за Башар во 2000 година, светот ја обожаваше, таа и даде нова светлина на Сирија, а народот ја нарече принцеза Дијана од Истокот.

Но, мислењето за првата дама на Сирија почна да се менува во 2012 година, кога на Викиликс беа објавени мејлови кои покажуваа дека дала 350.000 долари за 130 нови парчиња мебел, во момент кога во земјата веќе владеела крвава граѓанска војна во Сирија.

Сопругата на Асад е родена во 1975 година во Лондон. Се школувала на колеџот Квинс, па се придружила на банкарската индустрија и работела како аналитичар за хеџ фондови. За Асад се омажила на „тајна“ венчавка во 2000 година, кога тој имал 35 години, а таа 25 години.

Се проценува дека ултрамодерната претседателска палата, изградена во 1979 година под дизајнерската палка на Кензо Танге, чинела повеќе од милијарда долари. Во текст до 1989 година се тврдело дека само една соба е опремена со 125 илјади мермерни плочки чија цена е 10,6 милиони долари.

Но, бележи „Фокс њуз“, и покрај раскошот, овој дом малку е користен по почетокот на војната, затоа што се наоѓа на врв на рид, што го прави лесна мета на проектили.

– И додека Сирија е распарчена, Асад продолжува да шири пропаганда на социјалните медиуми. Првата дама е прикажана како има срдечни средби со луѓе. Злиот режим е одлучен да продолжи да се обидува да ја претстави Асма како „роза во пустина“ – пишува „Фокс њуз“.

ФОТО: инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...