Сирија во ОН бара повлекување на сите странски сили од земјата

48

Сирија во Генералното собрание на Обединетите нации побара итно повлекување на сите странски трупи и предупреди дека во спротивно ќе го задржи правото да преземе акција против нив.

– Соединетите Американски Држави и Турција имаат нелегално воено присуство во северна Сирија. Сите странски сили кои делуваат на нашата територија без наше овластување се окупаторски сили и треба да се повлечат веднаш, рече сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Моалем.

Поради осумгодишната граѓанска војна во Сирија, има многу странски трупи и илјадници странски борци во земјата, кои се борат за превласт.

Владата ја врати контролата над најголем дел од земјата, но бунтовниците и екстремистите се уште го држат Идлиб на северозапад, додека североисточниот дел, кој е богат со нафта, го контролираат курдските групи кои се поддржани од САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...