Димковски најави дека месото од дивеч ќе може да се продава

Во земјава има 256 ловишта и 69 концесионери.

196

Новиот Закон за ловство којшто веќе го подготвува работната група од Министерството за земјоделство, шуамрство и водостопанство ќе овозможи создавање услови за заштита на инвестициите на оваа стопанска гранка, којшто има потенцијал за развој. Во работната група е предвидено да се вклучат и концесионерите како и претставници на Ловечката федерација, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната средба со концесионери на ловишта.

Димковски рече дека со новиот правилник за флексибилност подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство се овозможува под одредени услови месото од дивечот да се пушта во промет.

– Пуштањето на месото од дивечот во промет беше еден од главните проблеми што ни го посочија концесионерите, затоа посочивме дека токму новиот правилник за флексибилност на АХВ, овозможува под одредени услови да се пушта месото во промет. Податоците покажуваат дека околу 60 тони месо од дивеч се увезува, очекуваме дека за два до три месеци концесионерите ќе ги подготват нивните кланици и на тој начин домашниот пазар ќе може да се снабдува со месо од дивеч од нашите ловишта. Оваа стопанска гранка има голем потенцијал за развој, ние како држава имаме услови, и затоа како ресорно министерство во следниот период ќе работиме на мерки за поддршка на ловството коешто е важно и за развој на ловниот туризам и воопшто за руралниот развој – рече Димковски.

Тој додаде дека се разгледува опцијата преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, да се овозможи финансиска поддршка за ловството, со што ќе се поттикне развојот бидејќи концесионерите вложуваат сериозни инвестиции во ловиштата. Најавил дека и во следниот период ќе продолжат средбите и консултациите со Ловечката федерација и со концесионерите на ловиштата.

Во земјава има 256 ловишта и 69 концесионери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...