Коморите од регионот тимски ќе соработуваат со Франција

На официјализирањето на соработката, покрај претставници од Сојузот на стопанските комори присуствуваа и генералниот директор на Француската стопанска комора во Србија Сања Иваниќ и амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние кој ја истакна својата поддшка на иницијативата.

26

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска и претседателот на претставништвото на Француската стопанска комора во Србија Драгољуб Дамјановиќ потпишаа Договор за стратешко партнерство со цел на француските компании заинтересирани за инвестирање на Балканот да им се отвори поголем пазар, понуда на услуги и да се воспостави една единствена регионална мрежа Тим Франција – Балкан.

Како што соопшти ССК, во таа насока почнува со работа платформата за зголемување на инвестициите на француски компании во регионот, како и редовна размена на информации за прашања од интерес особено секторите кои имаат потенцијал.

На официјализирањето на соработката, покрај претставници од Сојузот на стопанските комори присуствуваа и генералниот директор на Француската стопанска комора во Србија Сања Иваниќ и амбасадорот на Франција во Македонија Кристиан Тимоние кој ја истакна својата поддшка на иницијативата.

– Ова е прв чекор кој треба да ја зголеми трговската размена меѓу Франција и земјите од регионот. Соработката меѓу релевантните организации од регионот ќе ги поттикнува компаниите да инвестираат и да добијат прецизни информаци, како и услуги за развој и проширување на својот бизнис. ССК ќе придонесе кон градење трговски партнерства помеѓу Франција и Македонија, изјави Арсовска.

Целта е, додаде, да се постигне поефикасно вклучување на бизнис заедницата од регионот во заеднички проекти, заедничко здружување и соработка со Франција.

Претседателот на Француската стопанска комора Дамјановиќ ги истакна заложбите за зајакнување на меѓусебното партнерство и иницијативата за заеднички настап на балканскиот пазар. Потенцира дека целта е привлекување на француските инвеститори и понуда на квалитетна услуга за сите компании кои сакаат да пристапат на балканскиот пазар.

Лани Франција беше 23. трговски партнер во надворешно-трговската размена на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...