САД: Паника во Лоренс поради истекување гас, затворени училишта

48
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Околу 100 лица се евакуирани, а две училишта затворени поради истекување на гас во Лоренс, град во американската држава Масачусетс, кој минатата година беше потресен од серија експлозии на гас и пожари.

Шефот на локалната противпожарна служба Брајан Моријарти рече дека истекувањето на гасот е забележано околу 3,15 по локално време.

Во погодената населба, прекинато е снабдувањето со гас и електрична енергија.

Градоначалникот на Лоренс, Ден Ривера, изјави дека две училишта се затворени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...