Комичарот Хери Андерсон, најпознат по хумористичната серија „Night Court” којашто се прикажуваше од 1984 до 1992 година и по своите настапи во шоуто „Saturday Night Live”, почина на 65-годишна возраст.
Актерот почина вчера во својот дом во американската сојузна држава Северна Каролина.
Тој настапуваше и во серијата „Cheers”, а имаше и свој продуцентски проект – серијата „Dave’s World” којашто се емитуваше од 1993 до 1997 година.
ФОТО: Јутјуб