Русија заплени севернокорејски бродови, сосе улов и 262 члена на екипаж

Граничарите запреле три рибарски чамци и неколку моторни чамци откако навлегле во руските води на Јапонското Море.

261

Руските граничари запленија три бродови на Северна Кореја и 262 членови на екипаж поради илегален риболов во води за кои Москва смета дека се нејзина ексклузивна економска зона во Јапонското Море.

Граничарите запреле три рибарски чамци и неколку моторни чамци откако навлегле во руските води на Јапонското Море.

Уловот е запленет, јавија руски медиуми. Апсењето е извршено десет дена по приведувањето на 160 рибари, кога тројца руски граничари беа повредени во конфронтација со екипаж на севернокорејски брод.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...