Претседателот на Ел Салвадор побара секунда за да направи селфи пред обраќање во ОН

Букеле повика да се фати чекор со времето и светските лидери повеќе да се поврзуваат со младите од своите земји.

386
ФОТО: Твитер

Пред да почне со своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, 38-годишниот претседател на Ел Салвадор, Најиб Букеле побара од публиката да почека една секунда, а потоа направи селфи.

– Верувајте ми, многу повеќе луѓе ќе го видат ова селфи отколку што ќе го слушнат овој говор – рече тој пред обраќањето.

Букеле повика да се фати чекор со времето и светските лидери повеќе да се поврзуваат со младите од своите земји.

Откако заврши со говорот, Букеле ја објави фотографијата на Твитер, каде доби над седум илјади допаѓања за помалку од час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...