Британската агенција за цивилно воздухопловство соопшти денеска дека надлежните планираат 72 лета за да се вратат уште 16.000 луѓе, откако најстарата светска туристичка компанија „Томас Кук“ прогласи банкрот.
Досега, според Агенцијата, вратени се 40 проценти од вкупниот број патници кои летувале преку таа компанија.
„Томас Кук“ во понеделникот објави банкрот по неуспешните преговори со кредиторите, оставајќи незгрижени повеќе од 600.000 туристи кои резервирале одмори или веќе биле на одмор во различни земји преку аранжмани од оваа компанија.
Поради пропаст на патничката компанија, стара 178 години, стотици илјади патници останаа незгрижени низ светските дестинации, нејзините „ќерки-фирми“ во другите земји бараат помош, а хотелиерите во многу држави се загрижени поради намалувањето на бројот на туристите.