„Медена земја“ ќе се прикажува во кината во осум македонски градови

123

Документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) од денеска почнува со кинодистрибуција во осум градови низ земјава. Филмот кој оваа година е македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, покрај во Скопје ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и во Охрид.

Од 19 часот ќе се прикажува во Центарот за култура во Крива Паланка, а од 20 часот во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип.  На 2 октомври е закажана проекцијата во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 19 часот, а на 3 октомври во 20 часот филмот ќе се прикажува во „3D Кино“ во Битола и во МКЦ „Козјак“ Куманово.

На 4 октомври во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Продукцијата соопшти дека наскоро ќе бидат објавени термини за кинопроекции и во другите градови.

Покрај редовните проекции во скопското кино „Синеплекс“ во ТЦ „Сити мол“, наградуваниот документарец од 21 септември е на репертоарот и на кино „Милениум“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...