Ердоган: Турција нема да запре со купување иранска нафта и покрај санкциите на САД

84
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е невозможно за Турција да престане да купува нафта и природен гас од Иран, и покрај заканата од американски санкции. Тој додаде дека трговијата меѓу Анкара и Техеран ќе продолжи.

Ердоган пред новинарите по Генералното собрание на ОН во Њујорк изјавил дека Турција не се плаши од можни санкции на САД и не сака поради тоа, да ја загрози соработката со Иран.

Според весникот Сабах, Иран во Турција лани доставил над 25 милиони тони нафта.

ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...