Изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ утре во МСУ

168

Во Музејот на современата уметност во Скопје утре во 20 часот се отвора изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?) со дела од колекцијата на солунскиот Музеј на современа уметност – МОМус од Грција. Ова е историски чин за двете земји и прв ваков исчекор, МОМус од Солун да изложи  значајни дела од својата разнолика и богата колекција во МСУ – Скопје.

Колаборацијата меѓу двата музеи не претставува само културна размена, туку ја степенува важноста и за поширока билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција и е од огромно значење за двете земји.

Во Скопје веќе пристигнаа кураторката на изложбата Сираго Цијара, нејзините асистенти  Домна Гунари и Ерини Папаконстантину. Понатаму, член и претседател на Управниот одбор на музејот, Андреас Такис и директорката на MOMus, Мариа Цацаноглу.

На отворањето на изложбата ќе бидат присутни и претседателот на државата Стево Пендаровски, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и поранешниот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис.

Во МСУ ќе бидат изложени дела од 16 автори меѓу кои: Филипо Берта, Џејмс Бридл, Фениа Котсополу, Куриаки Гони, Владан Јеремиќ и Рена Радл, Мајда Катари, Мариана Игнатики, Олег Мавромати и Борјана Роса, Вирџиниа Мастрогианаки, Елени Мајлонас, Наташа Пападопулу, Марило Понцин, Виви Тиога, Ира Валдрон, Евангелиа Басдекис, Александрос Плорамитис…

Во 21.30 часот со свој диџеј сет ќе настапи Димитрис Ангелис.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...