Министерството за финасии прифати два амандмана на ребалансот на буџетот со кои се обезбедуваат пари за два проекта за изградба на локална инфраструктура.
Како што беше образложено за време на расправата за ребалансот на Буџетот во Комисијата за финасирање и буџет, станува збор за 40 милиони денари со намена изградба на локален пат и рехабилитација на локална водоводна мрежа.
– Со ребалансот на Буџетот се алоцираат средства за проекти што се во интерес и на граѓаните и на стопанството, како мерката за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за активните мерки за вработување, дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, за земјоделието и за други проекти – рече во своето образложение, заменик-министерката за финансии Ширет Елези.
На предложениот ребаланс се поднесени 391 амандман.