Европол предупредува на зголемено насилство кај екстремната десница

41
ФОТО: Европол

Европската полициска агенција бележи зголемен број апсења поврзани со десничарски тероризам, се наведува во доверливиот „Стратешки извештај“ на Европол, до кој дојдоа германските медиум.

Значителниот пораст на десничарскиот радикализам се рефлектира и во зголемениот број насилни инциденти во многу земји-членки на ЕУ, се вели во документот, пренесува Дојче веле.

Бројот на апсења, поврзан со десничарскиот тероризам во последните три години, постојано се зголемува, од 12 во 2016 година на 44 во 2018 година. Десничарските групи, исто така, покажале постојан интерес за оружје и експлозиви.

За да се стекнат со физички способности и воени вештини при употреба на оружје, се вели во извештајот, припадниците на десничарските групи настојуваат да регрутираат воени и безбедносни лица, кои би им помогнале да стекнат знаења во областа на надзор и воени вештини.

Натпреварувањата во боречки спортови, кои ги користеле членови на екстремистичката сцена, исто така одиграле важна улога.

Европол загрижено забележува дека десничарските радикални организации и мрежи сè почесто се здобиваат со популарност кај помладите и пообразованите луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...