Заев, Филипче и Нуредини на третиот Глобален бизнис форум „Блумберг“

262

Загрозената животна средина и економските кризи како најголемите закани и предизвици за глобалниот просперитет се централните теми на годинешниот, трет  Глобален бизнис форум „Блумберг“, што се одржа за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, а на кој учествуваа премиерот Зоран Заев и министрите за здравство Венко Филипче и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Форумот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ги собра шефовите на држави и влади со извршните директори и претседатели на управни одбори на најголемите глобални компании за да разговараат за изнаоѓање заеднички акции за овие прашања.

Премиерот Заев и дел од делегацијата на Владата, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, учествуваа на форумот на кој беа споделени искуствата и иницијативите кои имаат потенцијал да бидат одговор на климатските промени, со честите суши, недостигот на вода што предизвикуваат сериозни последици во економијата, особено во земјоделството и дестабилизираат повеќе општества низ целиот свет.

Овие, и дополнително бегалските и миграциските кризи, се закана за повеќе од 50 проценти од населението во светот и затоа се налага потребата од итни одговори за кои од исклучителна важност е сојузот меѓу лидерите од јавниот и приватниот сектор.

На Глобалниот бизнис форум „Блумберг“ во Њујорк беа презентирани повеќе примери за напредок што се постигнуваат преку партнерства и инвестиции меѓу јавниот и приватниот сектор на овој план, и форумот беше средина за средби и размена на идеи за иницијативи во кои активно учестваа премиерот Заев и министрите Филипче и Нуредини.

Во текот на денешниот ден, премиерот Заев ќе има обраќање на Дијалогот на лидерите, во рамките на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-то Генерално собрание на ОН.

Денешната програма на премиерот завршува со обраќањето на дебатата „Иднината на евро-атлантските интеграции на Западен Балкан: Каде оди Западен Балкан“ во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави во Њујорк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...