Британска Влада нема повторно да се обиде да го суспендира Парламентот на начин кој противречи на вчерашната пресуда на Врховниот суд, изјави денеска државниот обвинител Џефри Кокс.
На прашањето дали Владата планира повторно да го суспендира или распушти Парламентот на подолг период пред Брегзит, Кокс рече дека нема да има распуштање кое не е во согласност со одредбите на пресудата на Врховниот суд.
Кокс исто така рече дека „Владата ќе го почитува законот што го усвои Парламентот за да се примора британскиот челник да бара одложување на Брегзит доколку до 19 октомври со ЕУ не биде постигнат никаков договор“.