Министерот Исмаили го посети „Вардар филм“

149

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска го посети Филмскиот центар „Вардар филм“-Скопје и имаше средба со директорот Насер Цури на која разговараа за  функцијата и активностите на институцијата, нејзиното тековно работење и давање техничко-технолошка поддршка на филмските продукции во земјата.

Како што соопшти Министерството за култура, директорот Цури го информирал министерот Исмаили дека објектот во кој е сместен „Вардар филм“ последен пат е реновиран во 1978 година и дека е потребно негово зајакнување и архитектонска интервенција во деловните простории.

На средбата беше разговарано за финансиската поддршка што НУ „Вардар филм“-Скопје ја бара од Министерството за култура во насока на осовременување на техничките услови за сервисите што треба да ги испорачува, особено за потребите во делот на тонското студио и киносалата, соопшти Министерството за култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...