Катругалос: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците

131

И покрај силењата и најавите од владата се забележува доцнење во работата на комисијата за трговските ознаки и комисијата за учебниците, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција, а сега пратеник од СИРИЗА, Јоргос Катругалос, упатувајќи критики до актуелната грчка влада, jави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот, за жал и на неговото патување во Америка продолжува со познатата тактика на двојазичност и не го користи дипломатскиот капитал што земјата го доби од Договорот од Преспа за да ги промовира нашите национални интереси. И сето ова, и покрај владините силењата и најавите, се забележува доцнење и во однос на работењето на комисијата за трговските ознаки и во однос на онаа за учебниците – вели Катругалос.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија додава дека за овие теми доставил пратеничко прашање до министерот за надворешни работи на Грција и од него бара става за „поради неактивност и хипокризија да не се изгуби силата на договорот“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...