Србија: По 12 дена, одблокирана зградата на Ректоратот на Белградскиот универзитет

Транспарентот „Блокада е во тек“ е отстранет и заменет со нов – „Не ја даваме ректорката“.

58
ФОТО: МИА

Студентите од Здружението „Еден од пет милиони“ му ги врачија на ректорот на Белградскиот универзитет, Иванка Поповиќ, клучевите на зградата на Ректоратот, со што се стави крај на блокадата на таа зграда, јави Бета.

Студентите ја држеа зградата на Ректоратот во блокада 12 дена, барајќи да се испита докторатот на министерот за финансии Синиша Мали.

Транспарентот „Блокада е во тек“ е отстранет и заменет со нов – „Не ја даваме ректорката“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...