Со предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, усвоен на денешната седница на Владата се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надомест до моментот на нивно пензионирање, соопшти попладнево владината прес-служба.
Со претходните законски решенија и со овој предлог-закон околу 12.000 стечајни работници добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивно пензионирање