Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговараа денеска во Анкара, соопштија од кабинетот на турскиот претседател. Состанокот бил одржан зад затворени врати и траел околу еден час, а ниту една страна не издаде соопштение за што се разговарало на средбата.
Претходно, Столтенберг одржа состанок со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и со министерот за национална безбедност, Нуретин Чаникли, а меѓу главните теми на разговор биле подготовките за претстојниот самит на НАТО во Брисел што ќе се одржи на 11 и 12 јуни.
Столтенберг во интервјуа за турските медиуми ја истакнал важноста на Турција во Алијансата, но нагласил дека одлуката за набавка на руски С-400 системи била самостојна одлука на Анкара.
Фото: EPA/TURKISH PRESIDENTIAL PRESS OFFIC