Во следните пет дена во Европа температурата на воздухот ќе биде поголема од просечната за ова време од годината, прогнозира „Север Ведер Јуроп” (СВЕ).
Во Централна Европа и делови од Скандинавија ќе има до десет степени Целзиусови повеќе од просечните температури за ова време од годината.
– Во поголем дел од континентот пристигнува многу топол период. Само во Скандинавија ќе биде поладно, но сепак потопло од просекот за ова време од годината – прогнозира СВЕ.
За Балканот се најавува можност од бура и грмотевици, како и силен дожд и силни ветрови.