Луксембург најмногу троши за спорт, Хрватска и Бугарија најмалку

66

Луксембург е земја-членка на ЕУ што троши најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 евра, додека Хрватска и Бугарија, со 13 и 16 евра по човек, се држави со најмалку издатоци за рекреативни содржини, соопшти Евростат.

На почетокот на Европската недела на спорт, Канцеларијата за статистика на ЕУ соопшти дека бројките за 2017 година укажуваат дека државите на Унијата, локалните власти и социјалните системи потрошиле вкупно 51,3 милијарди евра за рекреација и спорт.

Оценувајќи потрошувачка за спортски активности во однос на процент на БДП, Унгарија е на врвот на табелата со 2,5 проценти од БДП. Според тој метод, Хрватска е на долниот дел од табелата, бидејќи одвојува околу 0,2 отсто.

Земјите кои најмногу издвојувале за организирање спортски активности се, како и претходните години, скандинавските земји и земјите од Бенелукс. Само три земји издвоиле над 200 евра по жител – Луксембург, Шведска и Финска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...