Нарачале фустани на Интернет, а добиле екстази вреди пола милион 500.000 евра

119

Австриска двојка доби 24.000 таблети екстази, иако на интернет нарачале два фустана, соопшти полицијата во градот Линц. Вистинската вредност на „пратката“ е 500.000 евра.

На парот од Линц им стигнале два пакета од Холандија. Во едниот имало облека којашто ја чекале, но другиот бил невообичаено потежок.

Кога сопругата ја отворила пратката, внатре имало проѕирни вреќички со обоен материјал за кој првин мислела дека се украсни каменчиња. Но, сѐ тоа било сомнително, па го вратиле тој пакет во поштата, од каде што пак, повикале полиција.

Истражителите потоа откриле дека се работи за дрога, што наместо во Шкотска, по грешка била испратена во Австрија.

Шкотската полиција го откриле нарачателот и го уапсиле, а по испраќачот од Холандија, сѐ уште се трага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...