Барние: Тешко до решение со Лондон

79
EU-EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ.jpg

Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние, изјави денеска во Берлин дека како што сега стојат нештата „тешко“ дека ќе се дојде до договор со Велика Британија, и покрај новите предлози од Лондон.

– Врз основа на сегашната позиција на Велика Британија, тешко е да се види како можеме да излеземе со законско изводливо решение што ги исполнува сите цели на безбедносната мрежа, т.н. бекстоп – изјави Барние на заедничката прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во Берлин.

Барние рече дека засега нема основа за постигнување договор и оти двете страни треба да продолжат да работат и да објаснуваат. Тој рече дека ЕУ останува отворена за разговори и напредок.

Барние уште дополни дека владата на Борис Џонсон постигнала напредок и се чини дека се движи кон одредена контрола. Сепак, тој додаде дека предлозите досега се делумни.

FOTO: EPA-EFE-STEPHANIE-LECOCQ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...