Индија тврди дека Пакистан ги активирал камповите за екстремисти

52

Пакистан, во својот дел на Кашмир, ги реактивираше камповите за обука на 500 милитанти кои чекаат да бидат тајно распоредени во Индија, објави денеска началникот на Генералштабот на индиската армија Бипин Рават.

Тој тврди дека камповите наводно се реактивирани, иако индиската авијација ги уништила во февруари годинава.

Од друга страна, високи официјални претставници на Пакистан ги негираа обвинувањата, но инсистираа на анонимност, бидејќи немаат дозвола да се појават во медиумите. Тие тврдат дека индиската влада и војска „користат лажна пропаганда заради поддршка на репресијата во индискиот дел на Кашмир“, каде што беше воведен полициски час на почетокот на август кога Њу Делхи го суспендираше специјалниот статус на регионот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...