Иако американскиот воен буџет е десет пати поголем од рускиот, Русија прилично ефикасно се спротивставува на САД, благодарение на својата наука, нашата индустрија и новите достигнувања, но нам поголеми средства не ни се потребни, затоа што не планираме никого да нападнеме, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Во интервју за „Московски комсомолец“ тој истакна дека на Русија и се потребни средства за одбрана во случај на агресија од друга земја, што е, како што рече, поефикасно и поевтино, и додаде дека Москва не се обидува да се натпреварува со САД на сите фронтови.
– САД трошат многу пари на приватни компании, носачи на авиони, а имаат и 170 бази низ целиот свет. Само за операцијата во Авганистан САД имаат трошоци кои се речиси еднакви на годишниот буџет за одбрана. Но, дали на Русија и е потребно да има пет или десет носачи на авиони, ако никого не напаѓа, праша Шојгу.