Југоисточниот регион има најголемо учество во креирање на бруто-додадената вредност во земјоделството, во коешто учествува со 31,2 отсто. На второ место е Пелагонискиот со 22,1 отсто, а најмало учество има Североистониот регион со 3,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во создавање на вредноста на растителното производство, најголемо учество има Југоисточниот регион со 39,6 отсто, додека во создавање на вредноста на добиточното производство најголемо учество има Пелагонискиот регион со 19,9 отсто.