Твитерџиите бесни, Грета споредена со девојка од нацистичка пропаганда

Објавата доби над 33.000 одговори од твитерџии, а многумина овој потег го нарекоа „ширење на омраза“, „вознемирувачки“ и „навредлив“.

335

Изгледот на Грета Тунберг се споредува со нацистичка пропаганда од американскиот коментатор Динеш Д Соуза. Овој писател твитна дека на 16-годишната активистка тоа што и недоставува шминка и поинаква фризура потсетува на „стара техника на Гебелс“, употребувана во 1930-те, пренесува „Метро“.

– Децата – посебно нордиските бели девојки со плетенки и црвени образи – често беа употребувани во нацистичката пропаганда. Стара техника на Гебелс – напиша тој.

Веднаш потоа објави фотоградија на која Грета беше рамо до рамо со девојка со плетенки и нацистичко знаме.

Објавата доби над 33.000 одговори од твитерџии, а многумина овој потег го нарекоа „ширење на омраза“, „вознемирувачки“ и „навредлив“.

– Ми се допаѓа играва. Носеш маица и имаш црна коса. Тоа го правел и Хитлер. Ти си Хитлер! – пишува еден твитерџија.

Друг пак, напиша „Хитлер го користеше тоа „Да ја направиме Германија повторно добра“, но секако, сврти го вниманието кон девојчето кое се обидува да ја спаси планетата“.

Грета беше на чело на протестите против климатските промени во кои учествуваа повеќе од 150 земји.

Таа кажа дека големиот број на лицата кои протестираа е „победа“, додавајќи дека сега е време лидерите да преземат акции.

Повеќе протести се очекуваат на 27 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...