Односите меѓу Русија и Западот се полоши отколку за време на Студената војна затоа што тогаш функционираа каналите за комуникација меѓу државите и не владееше толку силна русофобија, рекол во интервју за Би-би-си рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Тој рекол дека се надева дека луѓето на Западот, вклучувајќи ги оние кои се на власт, ќе ja сфатат опасноста од таквата состојба.
Сите докази, навел Лавров, за наводен хемиски напад во Сирија на кои се повикуваат западните лидери се преземени од медиумите и од социјалните мрежи.