Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ги осуди повторните санкции на САД против Централната банка на земјата како обид на Иранците да им се укине пристап до храна и лекови.
– Ова е знак на американскиот очај… Кога повеќе пати се санкционира иста институција, тоа значи и дека пропаднал нивниот обид иранската нација да ја фрлат на колена со максимален притисок – изјави Зариф.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговата администрација воведе дополнителни санкции против Иран по минатонеделниот напад врз саудиските нафтени објекти.
– Само што воведовме санкции кон иранската Национална банка, изјави Трамп на средбата со австралискиот премиер Скот Морисон.