Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска истакна дека растот на економијата е резултат на растот на индустриското производство, градежништвото, земјоделството и трговијата и дека тоа сето тоа делува и на природен раст на платите.
– Државниот завод за статистика денес објави дека бруто просечата плата во јули 2019 година во однос на истиот месец лани пораснала за 5,5 отсто, додека просечната нето плата е зголемена за 4,3 отсто, а просечната нето плата веќе изнесува над 25 илјади денари. Растот на платите не е возможен без раст на индустријата, нагласи Анѓушев одговарајќи на новинарски прашање денеска на официјализирање на компанијата „Либерти Скопје“.
– Се радувам што растот на бруто домашниот производ, кој во последните квартали е особено позитивен, е базиран на работата на реалниот сектор. Сите економски параметри се компатибилни, речиси со ист процент растат платите, индустриското производство, како и приходите во буџетот и тоа е една логична целина – истакна Анѓушев.