Зегин општествено одговорна компанија за 2019

Нашите врати секогаш се отворени за помош и донација за сите граѓани, секогаш сме помагале, така ќе биде и во иднина. Посебно ни импонира што во тесна трка со други еминентни компании во Македонија, наградата сепак доаѓа во нашите витрини.

228

Компанијата Зегин е добитник на наградата за општествено одговорна компанија за 2019 за хуманитарни активности поврзани со создавање на подобар стандард на пензионерите. Оваа награда доаѓа од Сојузот на здружеијата на пензионери на Македонија, а по повод 20 септември, Денот на пензионерите на Македонија, кој беше одбележан на пригодна свеченост денес во просториите на Сојузот.

Благодарниците ги додели претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, a во име на компанијата „ЗЕГИН“ ја прими Гордана Ампова која заблагодарувајќи се, им порача дека Зегин секогаш низ годините бил и ќе остане голем поддржувач на пензионерите.

– Нашите врати секогаш се отворени за помош и донација за сите граѓани, секогаш сме помагале, така ќе биде и во иднина. Посебно ни импонира што во тесна трка со други еминентни компании во Македонија, наградата сепак доаѓа во нашите витрини.

На прославата беа доделени и други благодарници за хуманитарни активности, а меѓу добитниците се најдоа и здружението на пензионери од Прилеп, здружението на пензионери од Крива Паланка, Доброволното пензионерско демирхисарско здружение од Сиднеј, Австралија за донација за отворање на пензионерски клуб во Демир Хисар, како и берберот Реџеп Демишоски од село Подгорци кој ги потшишува болните и изнемоштени пензионери во нивните домови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...