Центристичката Сино бела парија на Бени Ганц денеска ја одби понудата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за формирање на широка владејачка коалиција.
– Нема да влегуваме во коалиција предводена од Нетанјаху – изјави претставникот на Сино белата партија Моше Јалон.
Нетанјаху претходно ја навести можноста за ротирачко претседавање на Владата со Ганц, откако го повика да формираат широка коалиција.