Битолчани до последно место ја исполнија салата за „Медена земја“

119

На фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола беше прикажан документарниот филм „Медена земја“, за кој имаше  голема заинтересираност од домашната публика.

Од фестивалскиот прес-центар нагласуваат дека салата на Центарот за култура била преполна за филмот кој е македонски кандидат за номинација за Оскар. По завршувањето на проекцијата продуцентот Атанас Георгиев и кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума беа поздравени со громогласен аплауз и одговараа на прашања од публиката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...