„Свиркачот“ Сноуден нема да добие азил во Франција

47

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан изјави дека „не е време“ за одобрување на новото барање за азил од поранешниот вработен во НСА – „свиркачот“ Едвард Сноуден.

Францускиот министер појасни дека кога Сноуден првпат побарал француски азил во 2013 година, француската Влада оценила дека „не е време“.

– Оттогаш ништо не е сменето – рече тој.

Сноуден, кој живее во Русија за да избегне кривично гонење во САД откако објави тајни документи со кои се разоткрија масовни владини прислушувања и надзор на комуникации, побара азил во неколку земји, меѓу кои и Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...