Воена парада на Иран со 200 бродови во Персиски Залив

167

Иран на 22 септември во Персиски Залив ќе ја одржи годишната воена парада, на која ќе учествуваат 200 бродови, објави порталот „Иран фронт пејџ“ повикувајќи се на воени извори.

Иран одлучи да ја одржи воената парада во момент на зголемени тензии помеѓу Вашингтон и Техеран.

– Околу 200 фрегати и брзи чамци на Иранската револуционерна гарда ќе учествуваат во парадата во Персиски залив на 22 септември за да се одбележи годишнината од почетокот на иранско-ирачката војна од 1980 година, истакнува иранскиот портал.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...