Во Белград почнаа заеднички патроли на кинески и српски полицајци

302

Во Белград од денеска почнаа заеднички патроли на кинески и српски полицајци кои меѓу другото, треба да олеснат престој во Србија на кинески туристи.

Заеднички патроли ќе има во центарот на градот и на аеродромот Никола Тесла.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави дека постои неопходност за заедничка работа за да се ослесни престојот на кинески туристи кои во Србија ги има се повеќе.

Кинеската амбасадорка Чен Бо нагласи дека кинеските полицајци ќе бидат не само чувари на редот туку и амбасадори на Кина во Србија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...