Експерти на ОН ќе ги истражуваат нападите во Саудиска Арабија 

38
ФОТО: EPA/CYRIL ZINGARO

Експерти на ОН се упатија во Саудиска Арабија за спроведување меѓународна истрага за неодамнешните напади врз нафтени постројки во земјата, изјави вечерва генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Експерти на ООН веќе се испратени и ќе работат на случајот  – рече Гутереш на прес-конференцијата организирана за одбележување на почетокот на годишната седница на Генералното собрание на ОН.

Според него, ОН сакаат да стават крај на тој вид ескалација на тензиите.

Дипломатски извори соопштија дека во тимот се експерти одговорни за контролирање на ембаргото за оружје воведено за Јемен во 2015 година.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...