ЕУ му порача на Џонсон да престане да се преправа дека преговара за Брегзит

146
Photo: EPA / ANDY RAIN

Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел барние му порача на британскиот премиер Борис Џонсон да престане да се преправа дека преговара за договор за Брегзит.

Изјавата доаѓа по извештаите дека предлозите донесени во Брисел од страна на британските преговарачи се всушност дел од стариот договор, при што делот за ирскиот „бекстоп“ бил едноставно прецртан во текстот.

– Речиси три години по референдумот во Велика Британија за напуштање на ЕУ, мислам дека не треба да трошиме повеќе време, преправајќи се дека преговараме. Мислам дека треба одлучно да да продолжиме напред – изјави барние пред Европскиот парламент.

Тој уште рече дека ЕУ е отворена за каков и да е предлог од Велика Британија и дека се подготвени за деноноќна работа за да се постигне прогрес.

– И ако Велика Британија замине без договор, би потсетил дека овие прашања нема да исчезнат. Тие се регулирани со договорот за повлекување, опфатени се – но сепак остануваат. Без разлика дали зборуваме за мирот во Ирска, правата на граѓаните, буџетските прашања, сите тие треба да се решат – потенцираше Барние.

Photo: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...