Авион во Индија доцнел поради пчели на прозорците, ги бркале со водени топови

90

Лоши временски услови, технички пречки, се најчести причини за доцнење на летовите на авионите. Случајот од Индија покажа дека на списокот на доцнење може да се приклучи и рој пчели.

Летот 743 на Аир Индија, кој требало да тргне од Калкута во неделата наутро, одложен е за два и пол часа откако рој пчели се залепиле на прозорот на пилотската кабина на авионот, јавува CNN.

Пчелите им го попречувале погледот на пилотите кои не успеале да ги тргнат со помош на брисачите.

Пчелите успешно биле тргнати дури кога противпожарникарскиот тим на авионот употребил водени топови.

Авионот веќе доцнел 90 минути поради технички пречки, а пчелите на патниците и на посадата им приредиле дополнителен час на непријатност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...