Во албанскиот пристанишен град Драч запленети се 11 килограми хероин во автомобил на лице по потекло од Косово, а живеело во Швајцарија.
– Дрогата е открена при контрола на втората линија за контрола на возила во автомобл марка „опел“ сопственост на А.С.(50) од Косово а кој живеел во Швајцарија. Возилото било модифцирано во Косово, каде бил направен посебен простор. Дел од хероинот бил скриен во овој простор, а остатокот внатре во резервната гума.
Уапсениот А.С. со ова возило вчера тргнал од Косово а денеска од Драч со траект сакал да замине за Италија. Истрагата треба да потврди каде е набавена дрогата, која била крајната дестинација,како и вмешаност на други лица.
По откривањето на дрогата од страна на граничната полиција,тој бил приведен, негирал дека има врска со дрогата