Семки од сончоглед или од тиква – кои се поздрави?

Како и сувото овошје и житарките, семките исто така содржат вредни состојки. Семките од тиква содржат важни количини железо, додека пак семките од сончоглед се богати со витамин Е. Но кои од нив се поздрави?

1110

Тиквата е позната како украс кој доаѓа токму во овој период од годината, но сѐ повеќе се оние кои ја вклучуваат во своето мени. И не е чудно со оглед на тоа што е тиквата исклучително вкусна и хранлива намирница која може да се подготви во стотици варијанти.

Поволно делува на регулација на варењето, на пречки на уринарните канали, како и на тенот. Научно е докажано дека семките од тиква и маслото од тиква делуваат позитивно на пречките со простатата.

Семките можат да се користат во супи, варива, како додаток на салати, а често се ставаат и врз пекарски производи.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Freepik

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...