Почна аплицирањето за субвенции за пчелни матици и педигрирани свињи

Пчеларите ќе можат да добијат максимум 600.000 денари поддршка, додека до 6.500.000 денари ќе може да добијат фарфмерите кои набавиле педигрирани чистокрвни или хибридни свињи, нерези и назимки од увоз или од признати организации..

377

Пчеларите и фармерите кои од 1 јануари до 30 септември набавиле матици, нерези или назимки од денеска можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за мерката 121 – „Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства“.

Право да аплицираат за оваа мерка имаат сите регистрирани земјоделски стопанства, освен оние што досега користеле финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и националните програми за рурален развој во претходните пет години.

Пчеларите ќе можат да добијат максимум 600.000 денари поддршка, додека до 6.500.000 денари ќе може да добијат фармерите кои набавиле педигрирани чистокрвни или хибридни свињи, нерези и назимки од увоз или од признати организации.

– Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Кофинансирањето се зголемува ако се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55 отсто, за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60 отсто, за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65 отсто, како и за инвестиции во недостапни рурални заедници 75 проценти – изјави директорот на директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб-страницата на Агенцијата, во делот e-baranje.ipardpa.gov.mk. Оние што не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат. Барањата, пак, со ист број бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...