Грција бара предвремена отплата на дел од долгот кон ММФ

Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош

157

Грчкиот министер за финансии Христос Стајкурас изјави денеска дека побарал од европските доверители да одобрат предвремена отплата на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд.

Стајкурас рече дека предвремената отплата на заемот на ММФ ќе ги намали трошоците за сервисирање на долгот за околу 70 милиони евра.

Според него, просечната годишна каматна стапка на заемите од ММФ е 4,9 проценти и Грција во моментов може да позајмува поевтини на пазарите, бидејќи каматата на грчките десетгодишни обврзници е 1,6 проценти.

Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош.

Многу повеќе Атина им должи на европските доверители кои мораат да одобрат предвремена отплата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...